За гоеници над 90 кг по 1.500 денари субвенција, најави министерот за земјоделство

Нема да има никакво покачување на цените на свинско месо на домашниот пазар кој целосно се задоволува од домашно производство, беше речено на денешната средба на министерот за земмјоделство, Љупчо Николовски, со здруженијата на одгледувачи на свињи.



„Се договоривме преку планираната Програма за интеревентен фонд, да се обезбеди дополнителна мерка од 1.500 денари по грло за гоеници со тежина над 90 килограми предадени во преработувачки капацитети во периодот од феврурари до април“, изјави Николовски и додаде дека мерката е по барање на сточарите и се воведува поради падот на цените по заклано грло и покачување на цената на добиточна храна, а со цел да се анулираат трошоците на сточарите, и да имаат одржливо производство на домашно свинско месо.

„Дополнително, на состанокот се договоривме и за воведување на нова мерка во годинешната Програма за финансиска поддршка, односно нова субвенција од 3.000 денари по маторица за категоризирани фарми“ – рече Николовски.