Гевгелиското обвинителство поднесе предлози за издавање казнени налози против 30 лица кои на Велигден (19 април) играле оро за време на полициски часи и со тоа сториле кривичното дело – непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.
Други 13 лица сториле кривично дело движење пеш или со возила за време на полициски час.
Основното јавно обвинителство Гевгелија му предложи на Судот за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја дневна глоба со висина од по 10 евра во денарска противвредност.





