Генералниот секретар на СДСМ и министер за корупција и криминал Љупчо Николовски во својата честитка за Илинден не го користи зборот Македонија или Македонци.
За него само реалноста е македонска без да каже какви се државата и Републиката за кои зборува.
“Нека е честит и вековит 2 август – Денот на Републиката!
Живееме во држава втемелена на вредностите и идеите од Крушевскиот Манифест и Манифестот на АСНОМ – безвременските историски документи кои денес се наша македонска реалност”, пишува еден од најблиските соработници на Заев.
За да не го спомне е зборот Македонија Николовски дури не го споменува и името Северна Македонија на кое инсистира неговиот шеф во партијата и владата.
Нека е честит и вековит 2 август – Денот на Републиката!
Живееме во држава втемелена на вредностите и идеите од Крушевскиот Манифест и Манифестот на АСНОМ – безвременските историски документи кои денес се наша македонска реалност. pic.twitter.com/9o4zWjnxJQ
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) August 2, 2021






