За функционерите минимални плати, најави Заев

„Сите функционери на државно и локално ниво премиер вицепремиер, раководители, судии, обвинители ќе примаат минимална плата од 14. 500 денари за април и мај“, најави клидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција



Истото важи и за јавниот сектор, јавната администрација на државно и локално ниво, ќе примаат плата од 14.500 денари за месеците април и мај.

Ова не се однесува на докторите, медицинскиот персонал, полицајците и војниците кои помагаат за справување со коронавирусот, рече Заев.