Петте министри на ДУИ денеска имаа одвоена координација со првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби, а потоа за медиумите тој ја објасни неговата улога во владата и вчерашната изјава дека „со Заев се едно“.



„Секако дека премиер е Зоран Заев, ова е коалициска влада“ рече Груби и додаде: „Како што  може да видите и во коалицискиот договор и во програмата на владата, консензуално одлучуваме, заеднички сите како колективно тело за доброто на сите граѓани и имплементирање на програмата“.

Околу тоа дека во Законот за влада освен што не е предвидено консензуално носење на одлуки на владата, не е предвидена ни функција прв вицепремиер во Деловникот за работа на владата, Груби рече дека неговата нова функција во владата наскоро ќе ја има и на хартија, пренесе „Телма“:

„Сметаме дека постои потреба за менување на Деловникот на владата и тоа ќе го разговараме на утрешната сендица“, информираше Артан Груби, вицепремиер за политички систем.