За причините за откажување на посетата на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер на Киев, заедно со шефовите на држави на уште 4 земји членки, нема објаснување.
Одбивањето на намерата на Штајнмајер „Бев подговен на тоа, но очигледно… тоа не беше пожелно во Киев“, украинскиот „колега“ ја објасни со лаконско „не е добредојден поради неговите блиски врски со Путин“.
„Но затоа во меѓувреме се појавија доволно шпекулации. Колку и да се сите тие причини оправдани, тие не можат да го одврат мислењето за тоа колку откажувањето е погрешно.Колку и да се сите тие причини оправдани, тие не можат да го одврат мислењето за тоа колку откажувањето е погрешно“ – пишува Дојче веле.
„Да, краткорочно тоа може да послужи како вентил за фрустрација и за очај на Киев поради Германија, а особено за улогата на Штајнмајер. Претседателот со години негуваше блиски односи со Москва и не го сфати доволно сериозно предупредувањето на руската закана за источна Европа, а особено за Украина. Штајнмајер ги поддржа гасоводите Северен тек и како министер за надворешни работи во владата на Ангела Меркел во 2008 година беше вклучен во донесувањето на германското вето за членство на Украина во НАТО. Листата фрустрации на Киев е долга и оправдана. Штајнмајер неодамна и самиот ги призна грешките. Очигледно овој политичар малку ги разликувал намерите и ефектот. Ако тоа така се набљудува, никој не би требало да се чуди тоа што се заборава приврзаноста на Германија со Укрина, како и огромните финансиски средства издвоени за време на годините.
Да, германските политичари се однесуваа наивно и арогантно. На некои им е потребна и нова ера во надворешната политика – повеќе разбирање за Исток, а помалку за Русија. Па сепак, Штајнмајер не може да се обвини за лоши намери.
За жал, сега фрустрацијата од минатото потенцираше нови грешки: блокирање на санкции, неиспорака на оружје, како и отсуство на патување на канцеларот Шолц во Киев, што требаше да се случи одамна. А, ако Шолц не сака да дојде и да помогне, зошто Зеленски во воената зона би требало да го прими репрезентативниот шеф на државата од Германија? Јасно е оти на претседателот на земјата која се бори за опстанок му се попотребни одлуки, а не симболични гестови. Јасно е и дека тој не сака улога на статист. Сите овие размислувања се некако разбирливи.
Сепак, отфрлањето на Штајнмаер е кратковидно, политички деструктивно и, во поглед на иднината, крајно несериозно. Ако постапувате затоа што сте во право, тоа не значи дека ја правите вистинската работа. Прогласувајќи го Штајнмаер за непожелен, украинската влада ја промаши целта, бидејќи урива мостови. Германскиот канцелар сега дефинитивно нема да патува во Киев. Тоа не му го дозволува почитувањето на највисоката функција во сопствената земја. Затоа своевидниот „утрински мамурлак“ во Украина би можел да биде голем – и тука ништо не менува тоа што другите четворица претседатели доаѓаат во посета. Тоа само ги нагласува пукнатините во Европа кои никому не му се потребни.
Остриот став на Зеленски ги става на коцка големите симпатии на Германија кон Украина. И германската влада има потреба од нив, ако сака да остане силна и стабилна на внатрешен план и да продолжи да помага во иднина. Поделената Германија никому не му е од помош.
Или можеби е? Тука е уште некој кому сето ова неочекувано му оди од рака. Станува збор за деспотот од Русија, на чија пропагандна машинерија секој ден ѝ треба нов материјал. За жал, овој пат му го испорача Зеленски“.






