Вкупно 49 грчки партии се регистрира за кандидиратина изборите за Европскиот парламент на 26 мај, или 6 повеќе во однос на 2014 година. Конечниот број може да биде помал,но тоа е малку веројатно имајќи пред вид дека партиите мора да платат такса од 5.000 евра за учество. Кандидатите на европратеници плаќаат по 500 евра.



Според истражувањето Star TV објавено вчера, Нова демократија е во водство од 7,4 проценти во однос на владејачката СИРИЗА.

Анкетата покажа дека за Конзервативците на Кирјакос Мицотакис  ќегласаат 30,2 а за владејачките левичари со 22,8 отсто.

Алијансата за  промене е на трето место, со 6,5 отсто зад која веднаш е националистичката  „Златна зора“.

Грција има 21 место во Европарламентот со 705 пратеници. Грчкиот праг за влез во ЕУ е 3 отсто.

Грците што живеат во странство гласаа еден ден претходно, на 25 мај. Гласањето на изборти за Европскиот парламент е задолжително