Tурскиот претседател вчера се закани дека ќе ги признае како геноцид масовните убиства на домородните Американци за време на колонијалниот период.



Ова е реакција на турскиот претседател откако американскиот Сенат во четвртокот донесе резолуција со која масовните убиства на околу 1,5 милиони Ерменци ги опризна како геноцид извршен од Отоманската империја.

 „Ние треба да ви се спротивставиме со реципроцитет на ваквите одлуки во парламентот. И тоа е она што ќе го сториме. Можеме ли да зборуваме за Америка без да ги спомнуваме Индијанците“- изјавил Ердоган за медиуми, пренесува „Спутник“..

Соединетите држави негираат дека домородното население од Северна Америка доживеало геноцид, дури и во контроверзните настани како што се масакрот кај „Сенд Крик“ и „Долгиот марш на Навахо“ индијанците.