Кристофер Хил, амбасадор на САД во Македонија од јули 1996 до август 1999 година, го смета за „многу позитивен“ договорот Заев-Ципрас за преименување на грчкиот сосед во Северна Македонија „како резултат на волјата на народите“!



„Тоа е многу позитивен развој, бидејќи е договорено меѓу две земји како резултат на волјата на народите и тоа е многу емотивно прашање. Морам да признаам, кога им кажувате за тоа на луѓето во САД, ве гледаат, прашувајќи се за што воопшто зборувате, бидејќи на Американците тоа им изгледа многу чудно. Го разбирам тоа, бидејќи живеев таму, дека на Балканот тоа не е непознатица. Тоа е многу позитивен чекор. Обично луѓето ме прашуваат за Ирак и за Северна Кореја, а кога станува збор за Балканот, луѓето тоа не го разбираат најдобро. Затоа, ова е можност за мене, но и за други, да се присетиме на важноста на овој дел од Европа, каде што проблемите се тешки, но решливи“, изјави во интервју за телевизијата Н1 поранешниот помошник на американскиот државен секретар за Источна Азија и Пацифик.

За сличното прашање за името на Република Српска, кое најголемата бошњачка партија Странка за демократска акција (СДА) најави дека ќе го обжали пред Уставен суд на Босна и Херцеговина, десната рака на творецот на Дејтонски договор, Ричард Холбрук, со занимлив став.

„Се сеќавам кога името беше предложено. Никому не му се допадна. Нам не ни се допадна, бидејќи практично се предложи постоење на ‘република во рамките на република’. Затоа не сум изненаден што се бара промена на името. Сепак, би нагласил дека името мора да биде променето низ некој вид политички договор. Не можете да ги присилите луѓето да прифатат промена на име ако тие не го сакаат тоа. Ова прашање бара многу работа“, смета ексамбасадорот, покрај во Македонија, уште и во Албанија, Унгарија, Полска, Јужна Кореја и Ирак, клучен преговарач на САД за Северна Кореја од 2005 до 2009 година, а денес професор по дипломатија на Универзитетот во Денвер.