Поради злоупотреба на службената положба и овластувањата со превоз на ученици во средните и основните училишта на територијата на општина Битола, на поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески му беше изречена пресува од 8 години затвор.
Претседателката на судискиот совет Добрила Кацарска во Основниот суд Скопје 1, второобвинетиот Слободан Бончановски од општина Битола го осуди на затворска казна во траење од 6 години.
Кацарска ги осуди меѓу две и три години затвор 11-темина обвинети сопственици и управители на транспортните компании кои го вршеле транспортот по две противзаконски набавки на градоначалникот Талески.
(СДК)





