За екипата на „Медена земја“ 3 милиони денари награда

„Нашите Медени, вчера го освоија најважниот Оскар – за човечност, едноставност, свесност за животната средина и големо срце.



Ги освоивте нашите срца и срцата на милиони луѓе низ целиот свет и со еден симболичен гест сакаме да се заблагодариме – затоа вечерва донесовме одлука на владината седница за парична награда од 3 милиони денари за екипата Медени,

Бидејќи го додадовте епитетот ”Медена” на нашата земја.
Бидејќи нѐ направивте тооолку горди“ напиша на Фејсбук министерката за финансии Нина Ангеловска.