За една петарда УЕФА ќе ја казнува Хрватска

По квалификацискиот натпревар за Европското фудбалско првенство следната година меѓу Хрватска и Велс во Сплит, УЕФА отвори дисциплинска постапка против Хрватскиот фудбалски сојуз.



Постапката ја покрена Европската фудбалска организација поради фрлање една петарда и задоцнетиот почеток на натпреварот, пренесува Ал џезира

Делегатот на УЕФА во својот извештај забележа дека сите гледачи влегле навреме, дека нема гужва на влезот или проблеми на разделниците, а гостинската трибина и фан зоната биле добро организирани.

На тој натпревар Хрватска и Велс одиграа нерешено 1:1. Во второто коло од квалификациите, во вторник третата светска репрезентација игра против Турција во Бурса.