Институтот за јавно здравје во изминатава недела регистрираше 105 нови случаи на заболени од мали сипаници.
Од нив 49 биле во Скопје, а 56 во другите градови низ државата.
Вкупно досега со ова заболување се регистрирани 1.625 пациенти.
Ова е најголема бројка на заболени од морбили во последните 25 години, велат епидемиолозите.





