Повеќе од 5.000 романски деца на возраст под 18 години исчезнале од нивните домови во изминатата година, покажуваат податоците на романската полиција.



Од вкупно 5.078 деца кои избегале или исчезнале од дома во текот на изминатата година, 151 се на возраст до 10 години, 1.410 се од 10-14 години, а 3.517 се на возраст над 14 години.

Некои од главните причини што ги тераат децата да бегаат, се: занемарување и недостаток на надзор од страна на родителите; семејни конфликти и насилство врз деца; родителите ги напуштаат своите деца за да работат во странство; тешкотии во комуникацијата со родителите; влијание од околината; алкохол и дрога, пренесува БГНЕС.