Министерството за внатрешни работи вчера спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани биле 938 возачи.



Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, апелираат од МВР.