Русија регистрираше рекордни 1.002 смртни случаи од коронавирус за еден ден, пренесува Ројтерс.
За прв пат од почетокот на пандемијата, бројот на жртви од вирусот надмина 1.000 за 24 часа.
Вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголеми на 222,315 лица.
Регистрирано е рекордно високо ниво на новозаразени 33.208 луѓе во еден ден.
Официјалниот број на случаи на коронавирус во Русија сега изнесува 7.958.384.






