За две години СДСМ и ДУИ загубиле фантастични 200 илјади гласачи (ФОТО)

Анализите од предходните изборни циклуси покажуваат дека двете владеачки партии за помалку од 18 месеци ја загубиле довербата од фантастични над 200 илјади гласачи.



На локалните избори во октомври 2017 година заедно СДСМ и ДУИ имале речиси 510 илјади гласови а сега тој број се сведе на 320 илјади.

Ако се пресметаат и гласовите на ДПА и Алтернатива чии гласови сега се на контото на Пендаровски се работи за бројка од над 200 илјади гласачи кои ја откажале соработката што претставува најголем пад на поддршка на една политичка групација не само во Македонија.

Загуба од петнаесетина илјади гласови има и кај ВМРО-ДПМНЕ која на локалните избори 2017 имаше 335 илјади гласови но длабоко поделената партија сепак успеа да се консолидира и има далеку помал пад од власта.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ успеа да победи во Скопје и најголем дел од општините во Македонија.

Дебаклот на СДСМ и ДУИ е огромен во споредба со парламентарните избори во декември 2016 и со референдумот.