За два месеци струмичката болница ќе добие амбулантно возило

Пратеникот, од редовите на СДСМ, од Струмица Костадин Костадинов, информира дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година, треба да пристигне за струмичката болница.



Во консултации со премиерот Зоран Заев и министерот Венко Филипче би сакал да ја информирам јавноста дека е обезбедено ново амбулантно возило и најдоцна за 2 месеци, до декември оваа година треба да пристигне за Струмичката болница“ напиша Костадинов на ФБ.

Според него се правеле напори за повеќе возила и дека во првото тромесечије од 2021 година, како донација од Кина ќе пристигнеле 60 амбулантни возила за Македонија.

Ова следува откако директорот на струмичката болница, Наќе Гогов преку статус на Фејсбук побара граѓаните да донираат за ново возило за струмичката болница, но по негативните коментари се повлече.