Досега, 6.278 луѓе загинаа од оружено насилство оваа година во САД, заклучно со 23 февруари, според Архивата за оружено насилство – што е приближно во просек 116 смртни случаи секој ден, јави Еј-Би-Си њуз“.
Смртните случаи од самоубиство го сочинуваат огромното мнозинство од смртните случаи од огнено оружје оваа година – 56%, известува непрофитната служба за следење на оружено насилство. Во 2023 година до сега имало во просек по 66 смртни случаи од самоубиства на ден.
Од оние кои загинаа од огнено насилство оваа година, 227 се тинејџери, а 36 се деца.
Поголемиот дел од овие смртни случаи се случиле во Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Илиноис и Луизијана.
Темната бројка на смртни случаи од огнено насилство вклучува 196 лица фатално застрелани од полицијата и 52 убиени во „ненамерни“ престрелки, покажува Архивата за огнено насилство.
Досега имало 84 масовни престрелки во 2023 година, што е дефинирано од Архивата за огнено насилство како инцидент во кој четири или повеќе жртви се застрелани или убиени. Овие масовни престрелки доведоа до 126 смртни и 336 повредени досега оваа година.
Соединетите држави надминаа 39.000 смртни случаи од оружено насилство годишно од 2014 година, според податоците од Архивата за огнено насилство.
Сепак, смртните случаи од оружје се намалени во однос на 2016, 2017 и 2018 година, кога вкупниот број на смртни случаи секоја година надмина 50.000.
Лани маше 44.310 такви смртни случаи во 2022 година.






