За два дена 2.400 граѓани се откажале од повратот на ДДВ

Над 2.400 граѓани се изјасниле дека ќе го донираат повратот на ДДВ за справување со последиците од коронавирусот.



На апликацијата МојДДВ има две опции ДА- „го донирам мојот поврат на ДДВ“ и НЕ – „,благодарам“.

Лукаревска во пост на Фејсбук објасни дека опцијата за донација има три чекори. „Првиот чекор е влез во опцијата за донација. Вториот чекор е за донацијата. Во третиот чекор Ве прашуваме уште еднаш дали сте согласни да донирате.“