Седницата на парламентот на која се очекува да се расправа за 4 амандмани е одложена за два часа и ќе се одржи во 15 часот.



Причина – средбите на премиерот Зоран Заев со претставници на движењето Беса и со 8 независни пратеници  од ВМРО-ДПМНЕ околу обезбедување двотретинско мнозинство.

За преговорите со Беса на Биљал Касами Заев реќе дека се разговара околу техничката формулација на државјанството „македонско/граѓани на Република Северна Македонија“ со цел припадниците од другите етнички заедници да н се очуствуваат дека некој сака да ги преименува.

Доколку не успее да обезбеди 80 пратеници за изгласување на амандманите, Заев најави дека има итен состанок на Централниот одбор на СДСМ на кој според него некој ќе мора да понесе одговорност.