За Духовден колони за влез во Грција

Стотици автомобили од утрово чекаат од македонска страна на граничниот премин „Богородица“.



Причина за тоа е денешниот неработен ден, односно продолжениот викенд поради празникот Духовден и продолжениот викенд.

Како што може да се забележи од снимките од безбедносните камери поставени на граничниот премин „Богородица“, долги колони од рано наутро веќе се формираат за влез во Грција.