Шефот на македонската дипломатија не знае што понатаму ќе се случува во Европската Унија.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја критикува една од најмоќните и најстабилни наднационални организации на светот каде што Македонија сака да влезе, дека не е предвидлива.
Зборувајќи за предлогот на опозицијата да се одржат предвремени парламентарни избори Димитров недипломатски изјави дека не може да се предвиди како ќе се однесува ЕУ.
Според него периодот до јуни кога ЕУ ќе одлучува за Македонија треба да се искористи за реформи а не да се губи енергијата на изборна кампања.
Димитров во интервју за Сител вели дека не треба да има избори и поради непредвидливоста на ЕУ која според него е особено голема оваа година а така било и минатата година.
За дел од познавачите, ваквата изјава на Димитров може да е обид да се добие алиби за недобивање на датум за преговори доколку владата не успее да ги спроведе реформите кои ги бара Брисел.
Изјавата за Сител на Димитров за непредвидливоста на ЕУ оваа година почнува по 7 минута и 30 секунди





