Пратеници на срамот, новинари-платеници, кравари се дел од навредите што новиот косовски амбасадор во Македонија, Ѓерѓ Дедај ги упати до оние кои го критикуваа неговото именување на оваа позиција.
Дедај, досегашен заменик министер за надворешни работи, на ФБ напиша „…и не знам дали се погледнале во огледало тие препродавачи на крави, одгледувачи на печурки, (б)аналитичари,пратеници на срамот, новинари платеници“ пренесува МИА.
Именувањето на Дедај предизвика критики во косовската јавност и медиуми кои побараа дури и разрешување на заменик министерот од сегашната позиција, поради неговите навредливи изјави кон Турците и Турција.
И партијата Движење на Турците во Македонија изрази разочараност од именувањето на Ѓерѓ Дедај за косовски амбасадор во Скопје.
Турците не го сакаат Ѓерѓ Дедај за косовски амбасадор во Македонија




