За да „преживее“, на семејство месечно му требаат над 500 евра

Над 500 евра му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги покрие само основните трошоци.



Износот на потрошувачката кошница изнесува 32,671 денар во услови кога просечната плата е 24,517 денари, покажуваат податоци на ССМ.  

Дури 73 отсто од домашниот буџет месечно одат за храна и домување, а само 5 проценти се трошат за култура и одржување на здравјето, пренесува Сител.