Во изминатите 24 часа во Грција зголемен е бројот на пријавени за вакцинација откако Владата се закани со казни од по 100 евра за лица над 60 години и заканите кои одбиваат да се вакцинираат.
За само 24 часа, 17.500 лица постари од 60 години закажале термин за вакцинација, со што интересот за вакцинација се зголемил 7 пати, објавуваат грчки медиуми.
Од вторник, сите лица родени пред 31 декември 1961 година треба да примат најмалку една доза вакцина до 16 јануари 2022 година, а ревакцинацијата да биде завршена според пропишаната процедура во одредено време, во зависност на вакцината.





