Градоначалникот на општина Центар кој вчера беше снимен како во полициски час седи во угостителски локал се сместил во соба на локалот за да не биде казнет за прекршување на полицискиот час.
“Немаме никаква основа да го казниме ниту градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, ниту хотелот во кој тој седел, бидејќи тој бил регистриран како гостин во хотелот со спиење” , вели за Фактор директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски.
Пауновски за Фактор вели дека синоќа, некаде пред 21 часот, добиле пријава за градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, а за тоа добиле и фотографија.
„Веднаш ги ангажирав инспекторите, оние кои имаат дозвола за работа на терен и после полициски час, и тие веднаш отишле на местото на настанот да ја проверат пријавата. Но, се испоставило дека тие не можат да преземат никакви мерки, бидејќи градоначалникот бил регистриран во хотелот како гостин со спиење. За тоа имаме и комплетна документација од хотелот. Што значи дека тука нас ни се врзани рацете и не можеме да преземаме никакви мерки. Значи, излезе дека ова било лажна дојава“, вели за Фактор Пауновски.
Повеќе детали на ФАКТОР






