Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади смета Демократскиот Сојуз членката на коалицијата предводена од СДСМ.
Партијата Демократскиот Сојуз на Павле Трајанов конечниот став за Францускиот предлог ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа но во моментов тој е тешко прифатлив.
,,Очигледно е дека предлогот е резултат на претходно усогласување на претставници на владите на Македонија и Бугарија, но фактот што постојат или се најавени повеќе документи кои се однесуваат на спорот, протоколи што треба да ги потпишат двете земји, како и Акциски план, кои треба во детали да опишат што се треба да направи Македонија, во суштина значи прифаќање нов договор, покрај постоечкиот Договор за добрососедство и пријателство, чие исполнување сега ќе го мониторира Европската Унија”, вели Трајанов за ТВ21.
https://mk.tv21.tv/demokratski-sojuz-so-frantsuskiot-predlog-bugarskite-barana-stanuvaat-evropski/






