453 лица од Македонија кои се чувствуваат како Бугари гласале на предвремените парламентарни избори што се одржаа во Бугарија, покажуваат податоците од Централната изборна комисија.
Од 7-те отворени избирачки места низ Македонија, најмногу гласале во Скопје – 185 лица, во Струмица правото на глас го искористиле 64 лица, Битола – 55, Прилеп – 39, Кавадарци – 36 и Тетово осум.
На претходните избори што се одржаа во октомври 2021 година во Македонија гласале 461 лице.






