За бугарски новинар Македонија е „Југозападна Бугарија“

Во вчерашното интервју со заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев, новинарот Љубомир Огњанов на ТВ Канал 3, изјави рече дека претпочита да ја нарекува Македонија – „Југозападна Бугарија“.



Во делот од разговорот околу протестната нота и барањето за извинување кои премиерот, Зоран Заев, ги прати до бугарскиот колега, Бојко Борисов, откако го нарече претседателот, Стево Пендаровски, „северономакедонски претседател“, Огњанов го нарече и Заев „северномакедонски премиер“.

Георгиев, кој за „грешката“ на Борисов рече дека било „ситница’ го предупреди новинарот дека би можел да биде критикуван за терминот „северномакедонски“.

„Не ме интересира како ќе звучи, јас претпочитам да ја наречам земјата „Југозападна Бугарија“, одговори новинарот кој во еден момент вели дека Македонија нема „кој знае каква“ историја и дека таа е долга 7о години.