За бугарската МНР Захариева, Македонија е ФИРОМ

Министерката Захариева ја именуваше Македонија со навредливата кратенка ФИРОМ, во твитер најавата на квадрилатералната министерска средба во Солун.



Таа „ги тагна“ своите колеги СДитмир Бушати, Никос Коѕијас и министерот на ФИРОМ, Никола Димитров.

Колку за потсетување, Бугарија е земја која постојано истакнува дека била првата што ја призна независна Македонија по осамостојувањето и под уставното име.

На 1 август минатата година премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов потпишаа Договорот за добрососедство меѓу двете земји, ратификуван во парламентите на двете земи во јануари годинава, за кој беше речено дека твора ново поглавје во односите на двата соседи…