За буџетот на Грујо и за овој сега

Новинарот и поранешен функционер на СДСМ, на Фејсбук уште еднаш го поставува прашањето за големината на буџетот на државата и за „ситнишот“ предвиден за справување со аерозагадувањето.



„Кога Грујо и Ставре правеа буџети од 3,1 милијарди евра, овие денес на власт викаа дека секоја година се краде пола милијарда. 
Колку ли се краде сега и по која логика буџетот е 3.7 милијарди – прашува Ивор Мицковски и додава:
„Инаку, за загадување годинава ќе дадат 2 милиони евра. 
Додајте уште 2,5 милиона, и ете колку само СДСМ или ВМРО ќе земе годинава“.