Премиерот Зоран Заев вели дека и тој се информирал од медиумите за последните информации дека Катица Јанева наредила форензичко бришење на компјутерите во СЈО.
„За форензиките не знам што е форензичко бришење. Знам дека институциите ќе си постапат како што треба. Имаме добро поставен обвинителски систем“, рече премиерот.
За случајот „Рекет“ рече дека не сака да коментира и дека не се ни труди да врти телефони за да дознае нешто.
„Се води истрага, политичарите треба да бидат надвор. Ја користам приликата да ги охрабрам истрагата да продолжи без разлика до кого е стигне“ , рече премиерот.
Извор: Плусинфо




