За Арсовска криминалот и корупцијата не се најголем проблем за Македонија, падна и на тестот по граматика

Во обидот да се пресмета со најпопуларниот градоначалник во скопските општини, Орце Ѓорѓиевски од Кисела Вода, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска најпрвин индиректно порача дека криминалот и корупцијата или не се главни проблеми на Македонија а паралелно и дека е скарана со правилата на македонската граматика.



На фотографијата се гледаат сите граматички грешки на Арсовска во краткиот текст во кој се обидува да каже дека некој друг е неписмен а всушност самата има многу проблеми со неколку проширени реченици.

Посебен проблем е што за неа главен проблем во земјава е неписменоста додека криминалот и корупцијата од засега (не)познати причини не ги става ни меѓу главните.

Водителот на ТВ Алфа Богдан Илиевски во одговорот на градоначалничката не сака да ја наведува Арсовска но меѓу редови со користење на сатира и укажува зошто е таа и функционално и целосно неписмена.

,,Убаво, што, дели лек,ции по писменост, ама со, големите букви и, со, запирките малку така, како, да не се, снаоѓаме, Најдобро,”, пишува Илиевски користејќи сатира и интерпункциски знаци на хаотичен начин како што тоа го прави Арсовска.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0962HbTNAsckaZjhgYX46anwsiHp7RU5BqJD6AUd3ExAAjpVKt6JkjgZEk3qY9GUsl&id=603272137&mibextid=Nif5oz