„Сега откако го изгледав филмот „Ругање со Христос“ можам со мирна совест да кажам дека етноцентричноста на албанските политичари во Македонија, е само што создаде драма таму каде што немаше ама баш никаква потреба ни основа, туку и уште еднаш покажа дека заради нивната етничка нарцицоидност на голема врата воведе цензура и автократски однос кон уметноста (што СДСМ едвај и го дочека)“, напиша професорката Биљана Ванковска на Фејсбук.



„УЧК и настаните од 2001 година не само што не се во фокусот на филмот (кој не е документарен, ами уметнички), туку е само попатна епизода на главната сторија.

Освен тоа, Јани Бојаџи дури направил напор да ги хуманизира преку ликот на младиот Ариф.

Контекстот на приказната е балкански, но сржта на приказната е за Македонците и нивните делби и трагични судбини. Ова е жална, ама и топла човечка приказна, со хумана порака, а ако тргнат да го гледаат низ етничка призма, можеби поголеми емоции (па и лутење за тоа колку болно точно ги прикажал) ќе предизвика меѓу Македонците отколку меѓу Албанците или Грците.

Ова е филм што треба да се погледне неколку пати заради слоевитоста на приказната и пораките, но дефинитивно е исклучителен придонес во македонската кинематографија“ напиша Ванковска.

Филмот „Ругање со Христос“ доби една од 10 најпрестижни светски награди на филмскиот фестивал во Монтреал, но во Македонија беше дочекан со критики од одредени кругови.

Уште повеќе, Државниот правобранител на барање на Министерството за култура, побарал од Основниот суд Скопје 2 привремена забрана за емитување на филмот „Ругање со Христос“ на програмата на фестивалот „Киненова Скопје“…