Израелскиот амбасадор во Скопје, Дан Орјан, земјата во која е на служба и понатаму ја нарекува Македонија.
„Прекрасно беше да се биде со македонскиот претседател и со неговата сопруга во Ерусалим во последните неколку дена.
Средбата со неколкумина преживеани и со втората генерација Евреи од Македонија беше без сомнение меѓу специјалните моменти на посетата. #СветскиФорумЗаХолокаустот“, објави тој на Твитер.
И во заглавието на профилот на Орјан на социјалната мрежа стои дека тој е „амбасадор во Македонија“.






