За Ахмети “Алфа” и “Телма” биле непријатели на Албанците

На трибината на ДУИ во Гостивар, зборуваше и претседателот на партијата Али Ахмети кој на листата непријатели ги спомна Алфа и Телма. Неговото обраќање беше дел од коментирањето на состојбата со огненената група, а целата ситуација била во интерес на непријателите на Албанците, оцени Ахмети и ја соопшти непријателската листа.



-На кого му вршиме услуга со овие движења што се прават? Сигурно дека на непријателите на Албанците. Ракоплескаат, Алфа, Телма, Мелма…што се тие. Што, што добија Албанците што се делеа во минатото. Ништо не добија, коментираше Ахмети, а видеото го објави на својот ФБ профил ТВ 21.

Извор: Телма