Најголемата деловна банка за првите три месеци од годинава остварила нето приход од камати во износ од 9,93 милиони евра и нето добивка од 3,54 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од финансиските извештаи за првиот квартал на „Комерцијална банка“.
За првите 90 дена од оваа година нивната банка го зголемила кредитирањето за 9 отсто односно пласирани се нови 74,6 милиони евра во нови кредити и на крајот на март годинава кредитното портфолио на „Комерцијална банка“ „тежи“ 900,5 милиони евра, пишува „Фактор“.






