„Државниот завод за статистика ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо. Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308 551 лице.
Само вчера беа попишани 114 308 лица“, соопштија од ДЗС.
Попишувачите одмараа на 8 септември за да не ги вознемируваат граѓаните за време на празникот, а техничките проблеми кои се појавија пред три дена се надминати велат од ДЗС, откаде апелираат граѓаните да ги примаат попишувачите.






