Основниот суд Скопје два му досуди оштета на екс разузнавачот Зоран Верушевски во висина од 42 000 евра за неосновано лишување од слобода во случајот „Пуч“, дознава НОВА ТВ.
Верушевски и неговата сопруга беа 344 дена во притвор, откако во јавноста беше обелоденото масовното незаконско прислушување.
Верушевски ја тужеше државата откако СЈО го повлече обвинението и побара оштета од 70 000 евра.





