Поддржувач на премиерот Заев и СДСМ за само 25 дена од 2021 година стана носител на титулата автор на најодвратниот и најнечовечкиот твит на годината.
Коментирајќи на твит на родител на две деца со аутизам поддржувачот на СДСМ го обвини таткото дека ги злоупотребува своите деца.
Родителот кој е еден од најхуманите луѓе во Македонија и кој помогнал на голем број деца со разни видови попречености во својот твит укажува на системски грешки на третманот на деца и лица со попреченост направени и од актуелната и од предходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак тоа не го спречи поддржувачот на СДСМ да го направи нечовечкиот напад врз родител на две деца со попреченост.
“А бе стоко вмровска, твоите вмровци си ги криеја сопствените деца дека им се со нетипичен развој. Владата на СДСМ ги препознава во општеството и се труди да ја намали дискриминацијата и да можат да имаат еднакви услови и можности во образованието.
Престани да ги злоупотребуваш!”, пишува во твитот кој го осудија и членови на СДСМ.
А бе стоко вмровска, твоите вмровци си ги криеја сопствените деца дека им се со нетипичен развој. Владата на СДСМ ги препознава во општеството и се труди да ја намали дискриминацијата и да можат да имаат еднакви услови и можности во образованието.
Престани да ги злоупотребуваш! pic.twitter.com/2BC9L5fbld— June (@junefromgilead) January 25, 2021
Злобни луѓе, заклучува таткото на двете деца со попреченост во својата реакција.
Вака се однесуваа дп_не ботовите пред дп_не да падне од власт
Рака на срце сдс ботовите се за нијанса по злобни
Овој бот блокиран од мене добил принт скрин од мој твит од прикриен бот
Злобни и ограничени луѓе
Вистината ги навредува и мислат дека некој им ја напаѓа партијата pic.twitter.com/Y2PufjTedU
— Зоран Мијалков (@Zoran_Mijalkov) January 25, 2021






