За 24 часа 57 нови случаи на коронавирус, 90 оздравени

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 704 теста, а регистрирани се 57 нови случаи на Ковид-19. Од нив во Скопје – 39, Велес – 4, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Неготино – по 2, Радовиш и Штип – по еден.



Од вкупниот број позитивни (57), регистрирани се 12 реинфекции.

Регистрирани сe 90 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.