За 24 часа 12 починати, 132 нови случаи на корона


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа починаа 12 лица, што е најголем број од почетокот на пандемијата во февруари.



Од нив пет пациенти се од Скопје, двајца пациенти од Тетово, двајца од Струга и по еден пациент во Штип, Велес и од Гостивар.

Во изминатото денонокие направени се 868 тестирања, а регистрирани се 132 нови случаи на ковид-19 од кои одново најмногу во Скопје, 57.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира оздравени 112 пациенти соопшти министерството.