За 22 месеци Данела смени повеќе од 30 директори, распишан конкурс за уште пет

Во речиси двегодишниот мандат на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска смени се повеќе од 30 директори на јавни претпријатија.



Град Скопје минатата недела објави огласи со кои бара директори за ЈСП „Скопје“, „Градски паркинг“ и „Лајка“, а викендов на интернет страната се појавија огласи за избор на прв човек во „Водовод и канализација“ и на јавната установа Младински културен центар.

Ниту Град Скопје ниту Арсовска, а ниту управните одбори на претпријатијата и институциите опфатени са конкурсите, не даваат никакво објаснување која е потребата постојано да се именуваат, разрешуваат и прераспределуваат директорите од едно во друго претпријатие и каков е проблемот со актуелните директори или в.д. директори.

Според постапките може да се заклучи дека на градоначалничката тешко ѝ се погодува некој на подолг рок, пишува Плусинфо.