За 21 ден се удвои бројот на заразени од коронавирус

Според статистиката на Министерството за здравство, во изминативе три недели се удвои бројот на заразени со коронавирус и сега тој изнесува 6.092 потврдени случаи.



Од 7 ми јуни има 3.047 случаи на корона, два повеќе отколку во периодот од избувнување на пандемијата до овој датум кога беа потврдени 3.045 на Ковид-19.

Во моментов активни се повеќе од 3.400 случаи, од нив најголем дел во Скопје. Досега како излекувани се водат 2.316 лица.

Во последните три недели забележано е драматичен број на смртни случаи: Од седми јуни до 28-ми јуни вкупно како последица на вирусот починале 133 лица.

Загрижувачки ако се знае дека од 23 февруари до 7 јуни имало 153 починати како последица на Ковид-19.