Најмалку 500 илјади Албанци ја напуштиле земјата во период од една деценија, односно од 2010 до 2020 година.
Ова се официјалните податоци објавени од албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ и ЕУРОСТАТ, додека бројот на оние кои ја напуштиле земјата повеќе од сигурно е многу поголем.
Германија е една од земјите која е најпосакувана дестинација за албанските имигранти.
За социологот Гзим Туши, заминувањето на албанските граѓани, пред се млади луѓе, се случува од повеќе причини, главно поради немањето перспектива за иднината.
Тој подвлекува дека државата треба да следи други политики за да ги мотивира младите да останат во својата земја. (МИА)






