Агенцијата бара да регрутира воени службеници, олигарси, директори, пишува Wall street Journal



Воениот експерт Дејвид Марлоу на конференција посветена на 75-годишнината од формирањето на Централната информативна агенција (ЦИА) на Универзитетот Џорџ Мејсон, откри дека Соединетите Американски Држави се обидуваат да ја искористат ситуацијата во Украина.

Тој тврди дека ЦИА е заинтересирана да регрутира Руси кои се згрозени од војната во Украина.

„Низ целиот свет бараме Руси кои се згрозени од ова во Украина како и ние“, рече Марлоу, а пренесува „Раша тудеј“.

Марлоу, кој е експерт за настани на Блискиот Исток, тврди дека Путин ги „прокоцкал“ моќта и влијанието што го имал кога во февруари започнал воена операција во Украина.

Според него војната во Украина е голем неуспех за Украина и изјави дека таа отвори можност за западните служби да почнат да регрутираат незадоволни Руси.