Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, реагираше на насилните демонстрации во Белград.



„Насилните демонстрации во Белград имаа една цел, а тоа е државен удар и државата мора да одговори на адекватен начин“, рече Вулин, додавајќи дека силата на законот мора да го надмине насилството.

Тој за ТВ Пинк изјави дека она што се случуваше синоќа во Белград, Нови Сад и другите градови во Србија како и ден претходно, е обид за предизвикување граѓанска војна.

„Државата Србија ќе победи. Ќе го зачуваме владеењето на правото како и политичката и секоја друга стабилност. „Оние што се обидуваат да уништат сè што направиле генерации, мора да знаат дека ќе наидат ан јасен одговор од државата“, рече Вулин.

Тој праша што мислат дека ќе постигнат кога ќе влезат во Собранието освен што го ограбија како на 5 октомври 2000 година.

Јасно е, вели тој, дека овие собири се добро подготвени и организирани и дека тие немаат друга цел освен обиди за насилство и пуч и дека не станува збор за протест против вонредната состојба, протест против мерките на Кризниот штаб, освен обид да се дојде на власт со насилство.