Министерот за одбрана на Србија, Александар Вулин, реагираше на изјавата на поранешната преговарачка во дијалогот Белград-Приштина, Едита Тахири, дека ќе има војна ако Србија не ја признае независноста на Косово.
Според косовските медиуми, таа на собирот „Пат кон конечен договор помеѓу Косово и Србија“ во Приштина оценила дека „Косово и Србија не се двете Германии“.
„Тахири нема свои деца, затоа така лесно ги фрла останатите во војна. И кога беше на официјална функција не беше при себе, а сега, кога никој за ништо не ја прашува, сосема полудела.
Луда баба. А сите кои ја користат лудата баба да го зборува она што не сакаат гласно да го кажат, а би сакале да се случи, да повторам – нема независно Косово и точка“, напиша Вулин во реакцијата.





