Идејата и мислата водилка на сите политички партии, секаде во светот а не само кај нас, е кога се во опозиција по секоја цена да дојдат на власт, а кога ќе ја преземат по секоја цена да останат таму што подолго.
Исклучок се некои партиички, партичииња, партичулиња, единствено во Македонија, кои постојат колку да се каже, или колку за нивниот лидер евентуално да се прчи наоколу со визит карта на која пишува партиски шеф. Но тоа е друга тема, сега зборуваме за овие што сакаат власт.
Во борбата за искачување на тронот не бираат средства, при што жртвуваат и пари и луѓе, ако треба и цел народ, само и само да го остварат зацртаното. Нема нешто на кое не се подготвени, луѓе добри, нема никакви морални и етички блокади, нема совест, не признаваат правила на игра ниту фер плеј.
Кога актуелните властодршци беа во тешка опозиција најотворено бараа меѓународната заедница, значи странците, да им помогнат да ја урнат тогашната гарнитура и нив да ги ракоположат за господари на ова смачкано, злоупотребено и силувано парче земја.
Нивните медиумско-интелектуални апологети напишаа море текстови, дадоа илјадници изјави, потпишаа недоброени петиции во кои буквално ги молеа САД и ЕУ да се вмешаат во нашите внатрешни работи и „да ја спасат“ демократијата во Македонија. На крајот сето тоа се исплатеше, бидејќи, да нема дилема, без надворешниот притисок Груевски и ден денешен наместо кај Сент Иштван во Пешта, ќе се шеткаше од Илинденска до Собрание и назад.
Колку ваквиот начин на промена на власта во една земја е исправен е друго прашање, но што се случува сега, речиси пет години откако СДСМ ги зеде во свои раце уздите на осакатената кобила со северен знак на челото? Иако актуелната опозиција, ВМРО-ДПМНЕ, АА, Левица… имаат целосно право да ги искористат истите методи и да тргнат на јуриш кон Америанската амбасада со молби, преколнувања и тефтери исполнети со гревовите на Заевата влада, тие тоа не го прават.
Критички настроените интелектуалци и медиуми исто така не плачат од утро до мрак пред вратата на ЕУ зградата карши „Нова Македонија“ и не испрќаат депеши во Брисел со пораки: аман изгинавме со хрибридниов режим, корумпираново судство и валканите крадливи рачиња на разни браќа и братучеди“.
Дали така треба? Јас мислам дека да, ова е наша земја и сами треба да си ги решиме нашите внатрешни проблеми, како знаеме и умееме, иако и тоа како мора да се внимава на гледиштата и барањата на големите сили. Е, ама тука има една мала квака.
Владателите повторно се тие што одат кај „големиот брат“ и од позиција на моќ молат да „бидат заштитени“ од народот кој не ги почитува и не ги сака.
Нивните интелектуално-медиумски апологети повторно испишуваат фермани и фермани со пораки до американската амбасадорка, до Палмер и Урсула да „направат нешто“, плачат „да дувнел ветер од Калето“ и да не дозволи распаѓање на кулата од карти која сака да господари со нашите животи и судбини уште сто години без никаков успех и кредибилитет.
На српски тоа се нарекува огавност. Со калашњиков во раката стојат против голоракиот народ и како оној тип во „Пред дождот“ на ликот на Раде Шербеџија, ни се закануваат со „Вујко ми Мита матер ќе ви ебе, ќе му кажеме“.
Насекаде постојат режими кои му се закнуваат на народот со својата сила и моќ, но само овде и само сега режимските слуги бараат странска сила и моќ во нивна одбрана, која за среќа нема да ја добијат бидејќи ЕУ и САД сепак се премногу големи за нивните ситни трикови. Гадови! Смрадови! Чудовишта!






